23та Интернационална Кичевска ликовна колонија

Предмет:  Известување за изложба

Вторник 16.05.2017 година  во Ликовниот салон во Велес ќе се отвори изложба на  слики на 38 дела од уметници, кои твореа на 23тата Интернационална Кичевска ликовна колонија, во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во с.Кнежино – Кичево.

Во креативна творечка и релаксирана атмосфера од 02 до 16 Јули 2016, на 23 Интернационална Кичевска ликовна колонија учествуваа  23 учесници од  13држави: Македонија, Израел, С.Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово и Турција. Се изработија 65 нови дела во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника  како и 4 склуптури од метал и  1 скулптура од дрво.

На изложбата ќе имаме  можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен  ликовен говор се обидува да воспостави една нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја открие вистината и од онаа страна што ние помалку позната.

ИКЛК има за цел да го стимулира, потикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби. Преку своите облици на интернационално комуницирање придонесува за зближување на уметниците од целиот свет, преку изложби, публикации, предавања, научни собири и други облици врши популаризација на современата ликовна уметност.

Ликовната колонија започнува со работа првата сабота во месец Јули секоја година и трае две недели. Уметниците своите дела ги изработуваат во хотелот “Куќа на уметноста” сместен во густа констенлива и борова шума на 960 метри надморска височина во с.Кнежино-Кичево.

Од своето формирање во 1994 година па се до денес  на ИКЛК учествувале голем број на уметници од различни земји.