Во Ликовен салон Велес отоворена четвртата самостојна изложба од авторот Филип Коруновски

Во Ликовен салон Велес беше отворена четвртата самостојна изожба на Ликовниот уметник од Велес, Филип Коруновски, од кои 2 изложби беа отворени 2011 токму во Ликовниот салон во Велес, а третата 2019 во Прима центарот во Берлин, од која дел од делата можеме да ги видиме вечерва, надополнети со најновото творештво на Коруновски со Изложбата на слики „Несознајно“ , која ќе се потрудиме да биде поставена уште во неколку градови низ Македонија.

Изложбата е Проект од национален интерес  во културата за 2020 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, финансирана од Министерството за култура.

Филип Коруновски роден е 1987година  во Велес, Дипломирал на  Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со професионален назив Дипломиран графичар со модул графички дизајн каде што четири семестри посетува настава по предметите Обликување на простор и Сценографија. Во 2011-та година магистрира на истиот факултет на одделот за Скулптура и се стекнува со научен назив –  Магистер по скулптура. Во 2016 година го формира колективот за визуелна уметност и видео визуелизации Edit Points со кој што работи на повеќе културни настани низ Македонија. Од 2014 година работи како сценограф во Театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот кадешто дизајнирал сценографии за над 20 продукции.

Има реализирано 2 самостојни изложби

“Урбана синтеза”, ликовен салон, Велес

– “Nicht zu wissen”, Prima center, Berlin

Учествувал на поголем број групни изложби и колонии

Од 2014 година работи како сценограф во Театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот

Во својата изложба насловена „ Несознајно“ Филип Коруновски не внесува во еден свет на ликови кои носат различни експресии, понекогаш со силно изразена драматичност, ликови свесни за секојдневието преполни со емоции,  некои полирични, некако навлезени во некои невидливи простори. Се појавуваат машки и женски, но и детски ликови каде некогаш само поглед полн со тага или презир, или дополнети со некое движење, гримаса , подотворени или неми усни кажуваат многу, дури ни она што не би сакале другите да го слушнат.

Сепак и покрај тоа што навидум ликовите се покажуваат повеќе како сведоци на едно тажно и болно време ,  вечната потрага и надеж дека животот и покрај се си има своја убавина,  дава оптимизам за остварување на своите идеали.