Во Ликовен салон Велес отворена изложбата UKIYOE -Јапонска графика на дрворези

Во Ликовен салон Велес на ден 13.02.2019 во 19 часот пред окулу 50-тина вљубеници во уметноста беше отворена изложбата UKIYOE.

Она што го најавивме и ветивме пред половина година еве денес и го исполнуваме. Денес сите присутни ја имаме исклучителната можност да се запознаеме со еден од најкарактеристични правци во уметноста на Јапонија, а тоа е Изложбата Јапонскиот лебдечки свет – Ukiyo-e. Изложбата и идејно и концепциски е дело на кураторот Јасминка Намичева којашто преку проектот MuseumLink во која се вмрежени 27 институции од културата  ја носи оваа изложба низ цела Македонија носејќи го во себе духот на времето и стремежот уметноста во своја космополитска компонента да допре до поголема публика.

Самиот збор Ukioy-e во буквален превод значи слики од летечкиот свет и го означува уметничкиот жанр во Јапонија во периодот од 17 до 19 век којшто го дожива својот врв во текот на 18 век . Овој правец во уметноста како и многупати досега низ историјата се раѓа низ политичките и социјалните промени на едно општество кога од пепелта на завојуваните феудалци се раѓа Токугава законот кој во целост ја менува филозофијата на животот односно се слави живеењето во моментот низ призмата на секојдневниот живот на прочуените квартови на градот Едо денешен Токио. Овие дела се омаж на убавината на месечината, цреѓовите дрва и јавоворивиот лист потоа птиците, цвеќињата и идиличните пејзажи. Делата го отсликуваат креативниот дух на натпреварот за превласт помеѓу трговската класа и самураите во сферата на елеганцијата и рафинираниот вкус. Овој жанр не запира само во претставувањето на убавините на природата напротив тој пред нас го носи богатиот свет на кабуки театарот, сензуалноста и рафинираноста на куртизаните и жените кои под раскошните облеки кријат здраво и силно тело исполнето со визуелни тактилни и софистицирани импресии однсоно жена од која зрачи живот и енергија. Сепак овој правец во уметноста особено во изразот и презентацијата на жената доживува промени и различни пристапи. Така во раниот 18 век жената е сместена во кабуки сцена која се прелева и во секојдневниот живот кадешто жената ги копира манирите на кабуки актерите. Во својот подем ликовите во делата на укиоје мајсторите се нежни но со силни чувства, исполнети со сензибилност и движења кои се грациозни и умерени но моќни и силни.   На крај би сакала да ја споменам и фактот дека според техниката на изведбата на графиките односно печатењето на дебели слоеви боја врз врз хартијата овие дела односно цртежите биле нарекувани нишики (nishiki)  или „брокатни слики“ бидејќи наликувале на најквалитетната кинеска брокатна свила.

На оваа изложба се претставени најзначајните мајстори на укиоје техниката кои пред нас го распостилаат светот на граѓанскиот сталеж, светот на уметноста и светот на природата околу нас. Би споеманла само некои: Утамаро Китагава, Кијонара Тории, Кунисада Утагава, Утагава Тојохиро, Чоенсаи Еишин, Кубо Шунман и др.

Вниманието на Европа кон ukioy-e уметноста и воопштто кон јапонската уметност се случило во 1867 година на Интернационалната изложба во Париз кога биле преставени и дела на големите мајстори на ukiyо-е уметноста. Овие дела извршиле големо влијание особено во модерната уметност односно во периодот на раниот импресионизам врз уметниците како што се Мане, Моне, Дега, Тулуз-Лотрек, но и на ументоста на Ван Гог, Гоген, на групата уметници таканаречените Набисти (особено Бонар и Вијар) и други.