,,Живееме, танцуваме, тагуваме” од авторот Моника Десоска Каргова отворена во Ликовниот салон во Велес

На 02.10.2018 во 19,30ч,  во Ликовниот салон во Велес се отвори  изложбата на слики на  ликовниот уметник Моника Десоска Каргова.

Изложба на 24 слики, масло на платно и картон, насловена „ Живееме, танцуваме, тагуваме…“.

Моника Десоска Каргова, родена 1973 во Прилеп, 1997 дипломирала на ФЛУ во Скопје.

Работела и работи како, професор, слободен уметник и шминкер. Професор по ликовна култура – НОВА-Интернационални училишта, Скопје од 2015-2018, шминкер на повеќе престави во Македонски народен театар и сл. Има реализирано 11 самостојни изложби и учествувано на поголем број групни изложби. Во 2002 година  добитник е на наградата „Љубомир Белогаски“, за успешна изложба за проектот „Простор“ реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје.

Моника Десоска-Каргова за прв пат се претставува на македонската публика во 1992 година, со делото „ Поглед кон надвор“ во Дом на култура-Прилеп. Помеѓу тогаш и денеска, нејзиниот уметнички дух не мируваше туку се трансформираше, патуваше, моделираше и истражуваше. Искуството прерасна во сигурен цртеж, колоритно изразување, композициска структура, сугестивни форми и поетично ликовно изразување. Повторно се сретнуваме со уметникот Моника Д.К. преку делата од серијата наречена „ Живееме, Танцуваме, Тагуваме….“. Дела развиени низ последните 9 години од уметничкото творештво на уметникот Моника Десоска Каргова.