Во Ликовниот салон Велес отоврена изложбата ,,ФЕМИГРАЦИИ”

На  23.08.2018 во Ликовниот салон во Велес во 19,30 ч., Македонското здружение на млади правници,  ја отвори изложбата ФЕМИГРАЦИИ -уметност за правата на бегалците по Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите. Преку  21 ликовно дело и видео-арт презентации беа видени од над 20 вљубеници во уметноста,  делата  се изработени од жени уметнички од Македонија изработени за жените бегалки од кризните региони, кои храбро се впуштаат во неизвесноста во потрага по подобри услови за живот.

Изложбата е под кураторство на Ана Франговска и проект координација на  Нита Чаволи. На изложбата воведен говор одржа и историчарот на уметност Елица Николова.