Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложбата од авторот Агрон Салиу под наслов ,,Ризница од вредности и значења”

На 18.09.2018 во 19,30ч. ,  во Ликовниот салон во Велес  се отвори  изложбата на слики на  ликовниот уметник од Тетово, Агрон Салиу. На настанот присуствуваа над 30 тина љубители на уметноста.

Агрон Салиу е роден во 1984 година вo Teтoвo. Дипломирал нa Тeтoвскиот Универзитет, факултет за Ликовна Уметност отсек сликарство, во класата на проф. Илиријан Беќири.

Учествувал на повеќе самостојни и групни изложби, проекти, активности во културата, во земјава и странство. Самостојни изложби уметникот реализирал во Сараево, Подгорица, Виена, Берлин, Париз, Кичево, Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, а учествувал и на повеќе групни изложби во Гостивар, Тетово, Скопје, Сараево и други градови. Во Ликовниот салон во Велес на својата 18 та изложба насловена „Ризница од вредности и значења“  уметникот ке биде представен со 35 дела, портрети. Центарот на интересот на изложбата се портрет и на млади жени и старци, каде со сложениот систем на гестови и мимики на нивните лица, преку експресивно асоцијативниот израз ги доловува нивниот карактер и емоции.

Во воведниот говор в.д директорот на ЛУ Народен музеј Велес д-р Анита Василкова Мидоска истакна дека се работи за автор со богат творечки опус, и дека насловот ,,Ризница од вредности и значења” е само мал дел од целиот тој круг.

Кога би се нурнале во историјата на уметноста неговите дела во себе сплотуваат широк дијапазон на различни влијанија меѓутоа особено би сакала да истакнам дека во овие уметнички ракописи секој набљудувач може за момент да ја допре Модиљановската смиреност и елегантност, експрестионичкиот немир преточен во колоритот на големите мајстори на експресионизмот и концепсиската структура на сликата во манирот на Енди Ворхол, истакна д-р Василкова Мидоска.