Отворена изложбата насловена ,,Психологија на белата девојка” од авторот Славчо Максимовски

На 15.11.2018 во 19 ч.,  во Ликовниот салон во Велес се отвори  изложбата на слики на  ликовниот уметник  Славчо Максимовски, насловена „Психологија на белата девојка“

Роден на во Скопје, Македонија. Завршено средно уметничко училиште во училиштето за применета уметност ,,Лазар Личеноски,, Скопје, отсек Применета Графика, во 2007 год. Во 2012год. Дипломски студии на факултетот за Хумани науки иУметност на Универзитетот во Тетово, наскока Графика, во класата на Проф.Нафи Јашари. Магистерирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, одсек сликарство,во класа на проф. Јован Шумковски.

Има реализирано неколку самостојни изложби во земјата и странство, и добитник е на повеќе награди и признанја. Работел сценографи, плакати за театарски представи, автор на 2 краткометражни филмови, едукатор во ликовна работилница. Работи на живопис и пишува колумни.

Во Ликовниот салон во Велес ќе се представи со дваесетина слики.

 

Човечкиот поглед е почеток на сечие постоење.Овозможува откривање и спознавање на се што не опкружува а очите како најчувствителен орган на човекот се тие кои преку погледот кажуваат многу,зборуваат за животни приказни иако без глас но нивната тишина може да биде и премногу гласна, а нивниот нем вресок е доволен сведок.

А јас само сакам да ја доловам својата приказна, да го запишам и  нацртам односно насликам своето време, на начин на кој јас го чувствувам и гледам сето она што допира до мојот поглед, па и подалеку од тоа, од некоја своја точка и гледиште кое е само мое, фантастично или надреално, илузионистичко, експресивно, но највеќе реално. Се дрзнувам  да влезам во таа бездна на хоризонтот и лавиринтот во кој  не се знае каде е излезот, и дали воопшто тој постои!?

Авторот во својот говор спомена: Моето прашање e : ,, Што се крие во суштината на погледот и неговата психолошка состојба!?,,

А клучот за откривање на тајната го има во секое човеково постоење,само зависи кој ќе се осмели да биде доволно  полн со зрела дрскост, и ќе го земе тој клуч со сопствените прсти и да ги отвори широките врати, за да добие поширок поглед, и да не го потроши своето траење во тотална бездна и затапеност , за сознавање само за црното или само за белото без да прочепка и да види деkа помеѓу тоа има и многу сиви нијанси.