Во Ликовниот салон во Велес отворена ретроспективната изложба ,, 50 години ликовно творештво ” од авторот Војко Јаневски

Во вторник 16.10.2018 во 19,30ч,  во Ликовниот салон во Велес  се отвори  изложбата на слики на  ликовниот уметник Војко Јаневски. Јубилејна изложба „50 години ликовно творештво“. Отворањето помина пред  окулу 40 љубители на уметноста.

Војко Јаневски (с. Грнчиште, Велешко, 1940) во 1968 година завршил на вајарски  отсек на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на проф. Вања Радауш. Од 1968 до 1970 бил соработник во мајсторската работилница на проф. Радауш во Загреб.
Од 1969 до 1981 членувал во Хрватското друштво на ликовни уметници, а потоа во Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ.
Авторот ќе претстави со 40  слики од својот богат творечки опус, кој го одбележале и учествата на повеќе од 200 групни изложби и на 20 ликовни колонии во Македонија и во странство.

Авторот добитник е на повеќе награди и признанија.