Во Ликовниот салон Велес отворена изложбата од ликовниот круг ,,Похижег” од 23 современи хрватски автори

Во Ликовниот салон во Велес на 13.06.2018 година со почеток во 19 :30 часот пред окулу 20-тина вљубеници во уметноста беше отворена изложбата на ликовниот круг Похижег. Ликовниот круг Похижек впрочем претставува една уметничка целост во која уметниците, колекционерот и уметничките дела го создаваат заедничкиот флуид на меѓусебна естетска привлечност. Презентираните дела од колекцијата на С. Похижек ја покажуваат слоевитоста и отвореноста во собирањето и презентирањето на делата. Токму заради овој разновиден калеидоскопски приод колекционерот и неговите дела не се врзуваат за одредена тематска концепција туку се одлика на моменталниот порив во креирањето на делото од страна на уметникот и естетскиот и уметнички импулс на колекционерот создавајќи на тој начин преку собраните дела едно сведоштво за современите текови на уметничката сцена и на тој начин создавајќи и сведоштво за историјата на уметноста. Фактот дека изложбата претставува една заедничка енергија на колекционерот и авторот начинот на кој оваа изложба е презентирана во целост ја отсликува општествената и културолошка оправданост во смислата на колекционерството како социолошка одговорност во светот на културата, но и концепцијата на отвореност која е главна нишка во нејзиното креирање.

23 современи хрватски автори во основниот ументички концепт на изложбата не воведуваат во светот на апстракцијата во сите негови групи и подгрупи меѓутоа сите тие пред нас го предаваат сопствениот ракопис кој го опфаќа сензибилитетот на авторот и иницијалниот порив на гледашот однсоно набљудувачот. Можеби и во ова артистичка кореспонденција се гледа основната визија и порака на целокупната идеја на овој проект.

Би сакала да нагласам дека проектот е реализиран во организација и соработка на ЈУ Дом на култура Кочо Рацин – Скопје, заедницата на Хрватите на Република Македонија и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Токму во овие две споменати установи се презентирани овие дела, а благодарение на нашата интензивна соработка со нив денес односно вечерва имаме можност пред велешани да ја претставиме изложбата на избрани дела од уметници од Ликовниот круг Похижек. Имено, презентираните дела на 23 современи хрватски сликари претставуваат само мал дел од големата колекционерска збирка од преку 3 000 дела кои Стјепан Похижек ги има купено или добиено на подарок од бројни академски сликари но и уметници аматери – истакна директорот на ЛУ Народен музеј Велес д-р Анита Василкова Мидоска.

Изложбата ќе може да се погледне во Ликовен салон Велес до 19.06.2018.