
Во Четврток 26.04.2018 во 19,30 во Ликовен салон во Велес беше отворена изложбата на слики на Драган Верговски – Алпи, aкадемски сликар, член на ДЛУМ, конзерватор советник во пензија, од Националниот конзерваторски центар, Скопје.
На изложбата збор земаа в.д директот на ЛУ Народен музеј Велес д-р Анита Василкова Мидоска, Елица Николова – кустос историчар на уметност и самиот автор.
Дипломирал 1987 година на ФЛУ Скопје, во класата на Димитар Кондовски. Учествувал на многу групни изложби, а има реализирано 30 самостојни изложби, во земјата и странство. Добитник на наградата на ДЛУМ за мал формат во 2017 година.
Во Ликовен салон Велес беа презентирани 33 дела кои се инспирирани од локалитетот-античкиот град Стоби, реката Црна и реката Вардар, од непосредната близина на локалитетот насловени „Ликовни записи, акрил, мотиви, од река „Црна“ – „Вардар“ и “ Стоби“ , акрилни флеки на платно, картон и саќе, а сите 33 дела се настанати во Стоби, каде авторот долги години работи на конзервација и репарација на мозаиците на локалитетот во обид да ги доближи до нивниот некогашен изглед. Делата се работени 2017 во слободното време кога слика пејсажи; железничката станица, мостовите, ридишта, самото Стоби…по главната преокупација, реставрација и конзервација на подниот мозаик на крстилницата, на Старата Епископска базилика во античкиот локалитет.
Изложбата може да се посети секој работен ден од 8 до 16 часот во Ликовен салон Велес. Изложбата пошироката јавност ќе имаат можност ја видат во следните две недели.