Народниот музеј од Велес е организација од посебен општествен интерес. Формиран е на 24.03. 1946 година, по иницијатива на Гимназискиот професор Ѓорѓи Милошев – Г. Г. Гаврил и бил сместен во просториите на Гимназијата „ Кочо Рацин “. Првата музејска постановка на Градскиот народен музеј , била отворена на 26.05.1946 година , и располагала со богат музејски фонд, а меѓу познзачајните музејски експонати биле книгата „ Огледало ’ од Кирил Пејчиновиќ од 1816 год. „Еврејското учение“ од 1838 год. Оригиналните ракописи на Ј.Х.К- Џинот, Кочо Рацин, археолошки предмети од Стоби и др.
Во февруари 1951 година Музејот станува Околиски и ја покривал територијата на цело Повардарие и Дојран.
Во март 1953 год. кога Музејот добива простории во центарот на градот во куќата на Пенини, предметите во поголем дел се пренесени во сталната поставка со 3.000 предмети и Лапидариум, а дел се однесени во МАНУ.
По расформирањето на Околиите во 1965 год. Музејот станува Градски музеј на Титов Велес и е сместен во просториите во кој и денес се наоѓа.
Oдделенијата кои функционираат во институцијата Историја, Историја на Уметноста, Археологија и Етнологија со поставки на трите спрата во музејот.
На првиот спрат е поставка од Археолошкото одделение со поставени артефакти од праисторијата до среден век.
На вториот спрат се поставките од Историја и историја на уметност каде се поставени фотографии, цртежи, графики и макети од старата велешка архитектура.
Историската постаствка го опфаќа периодот од средината на 19-тиот век па се до ослободувањето (09.11.1944) и изградбата на нашата држава и повоената изградба и економскиот развој на градот Велес. Збирката е претставена преку фотографии, документи, и предмети (оружје и воена опрема) од горенаведениот период.
На третиот спрат е етнолошкото одделение. Етнолошката збирка содржи предмети кои го карактеризираат севкупното живеење во Велес и неговата околина. Збирката е претставена преку предмети (народни носии,предмети за домаќинство,накит и др.) од Велес и неговата поширока околина. Во поставката може да се види реконструкција на стара селска просторија и просторија од градска куќа.
Исто така во составот на музејот се и Ликовниот салон иа Објектите кој се во надлежност на Музејот (Спомен костурница, ММК во с.Горно Врановци, СПомен куќата на Кочо Рацин, СК на Васил Главинов, Куќата на Касапови и Куќата на Ј.Х.Џинот.
Спомен собата на П.П.Арсов и спомен собата на поетот и револуционер Коле Неделковски во с.Војница се во надлежност на Општина Чашка, но поставките се подготвени од Музејот.