Во Ликовниот салон во Велес отворена изложбата “Москва денес”

Во Ликовниот салон во Велес во присуство на окулу 50-тина вљубеници во уметноста и фотографијата на 05.06.2018 во 19:30 часот пред велешката публика беше отвореан изложбата ,,Москва денес” која содржи 30 фотографии кои презентирани преку фотографскиот објектив ја презентираат Москва како уметнички сензибилитет за кој говорат фотографиите. Изложбата е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција ,,Россотруничество” и е дел од манифестацијата со која се одбележува 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија.

Доколку треба да се даде една кратка дефиниција за Москва тоа веројатно е многу тешка задача затоа што навистина преку овие фотографии може да се види слоевитоста на Москва кој денес претставува научен, културен, политички, стопански и туристички центар, тоа е град кој самиот за себе претставува синоним за културно наследство и богатство кој во своите архитектонски зданија секогаш го ткаел духот на современоста, дух кој потоа станува историски артефакт – истакна в.д директорот на ЛУ Народен музеј Велес д-р Анита Василкова Мидоска.